• сабота, 11 мај 2024

На територијата на СВР Битола санкционирани девет возачи под дејство на алкохол 

На територијата на СВР Битола санкционирани девет возачи под дејство на алкохол 

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) – Вкупно девет лица се санкционирани при акциската контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер, во периодот од 21:00 до 3:00 часот, беше спроведена на територија на СВР Битола.

Од нив, како што информира МВР, пет се санкционирани на територија на Битола три во Ресен и еден во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и четири други видови прекршоци.

Од МВР најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан