• сабота, 23 ноември 2024

На секој петти жител во ЕУ му пречи бучава од соседството

На секој петти жител во ЕУ му пречи бучава од соседството
Брисел, 4 јануари 2020 (МИА) - Речиси една петтина од жителите на Европската унија - 18,3 проценти велат дека им пречи бучавата во соседството, објави Евростат. На бучава двојно повеќе се жалат жителите во градовите, 24,1 процент, отколку жителите во руралните области, каде што бучавата му пречи на секој десетти жител, се наведува во анализата на податоците за 2018 година. Според анкетата, бучавата најмногу им пречи на луѓето кои живеат сами - 21,8 отсто, како и на двојките кои немаат деца. Најчесто на бучава се жалат Малтежаните - 28,2 проценти, потоа Германците и Холанѓаните, па следат Португалците, Романците, Британците, како и жителите на Кипар, Грција и Луксембург. Најмалку реагираат на бучава жителите на Хрватска, Унгарија, Естонија, Ирска и Бугарија. паг/

Остани поврзан