На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи...
- Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред е верификација на мандат на пратеник откога Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог-закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник откога Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог-закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање.
Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување во согласност со решение на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година.
Пред пратениците за расправа се предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, во прво читање, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лица со попреченост, предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.
Собранието ќе одлучува и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за полицијата и на Законот за внатрешните работи, двата по скратена постапка.лв/
фото: МИА архива