• вторник, 13 јануари 2026

ДУИ утре ќе одлучи дали ќе учествува на лидерска средба

ДУИ утре ќе одлучи дали ќе учествува на лидерска средба

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Демократрската унија за интеграција денеска одржала втора седница на Претседателството на Генералниот совет, свикана од претседателот на партијата Али Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, се наведува во соопштението на ДУИ кое МИА го пренесува интегрално: 

Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет.

На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ, и тоа: Кичево – Арлинд Сејдини; Врапчиште – Евзал Арслани; Ресен – Арјан Муедини; Карпош – Хамза Јашари.

Демократската унија за интеграција останува посветена на зајакнувањето на партиските структури и на одговорното адресирање на политичките случувања, во интерес на граѓаните и политичката стабилност на земјата. 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан