• вторник, 13 јануари 2026

Андоновски: Владата е стабилна, постои можност за промени, но во моментот нема таква најава

Андоновски: Владата е стабилна, постои можност за промени, но во моментот нема таква најава

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Владата е стабилна. Постои можност за промени, но во моментот нема таква најава, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во интервју на МРТ 1, Андоновски истакна дека меѓусебната комуникација на владините ресори е одлична. 

Прашан за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и дали е веќе почната внатрепартиската битка за иден лидер со оглед дека во 2029-та треба да се бира нов претседател, министерот одговори дека „ВМРО-ДПМНЕ влегува во период на резултати, не на кадровски битки“. Наредните години, дополни, ќе бидат многу продуктивни, бидејќи нема да има притисоци за функции и позиции.

-Не би рекол дека има некаква битка, амбициите се природна работа на сите коишто се занимаваат со политика“. Очекувам зголемена динамика на работата и на Владата и на партијата, затоа што е време на покажување резултати, истакна Андоновски, додавајќи дека неговите главни цели се поврзани со резултати, а не со функции.

Тој е дециден дека нема позадински договори во јавната набавка вредна 1,1 милион евра за одржување на системот за управување со документи во Министерството за дигитална трансформација. Истакна дека тендерот е спроведен законски, а Министерството нема надлежност да истражува во чија сопственост се фирмите кои ги добиваат тендерите. мч/вј/

Фото: принт скрин

 

 

Остани поврзан