• петок, 22 ноември 2024

На Русија одземена организацијата на Европското првенство во ракомет за жени 2026 година

На Русија одземена организацијата на Европското првенство во ракомет за жени 2026 година

Виена, 4 јули 2023 (МИА) - Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да го пресели Европското првенство за жени 2026 година од Русија.

 

Турнирот требаше да се одржи од 3 до 20 декември 2026 година во Москва и Санкт Петербург.

 

- Сегашните услови не дозволуваат навремено спроведување на сите фази од подготовките за еден ваков голем турнир. Тоа се однесува на инспекциските посети на претставниците на ЕХФ, техничката поддршка на арените, доаѓањето на навивачи од други земји и други клучни оперативни прашања. По консултации со раководството на ЕХФ, донесена е одлука Европското првенство да се префрли од Русија во друга земја, се вели во соопштението.

 

Се уште не е одредена земја која наместо Русија ќе биде домаќин на Европското првенство за жени 2026 година. Европската ракометна федерација ќе бара алтернативни места за турнирот.

 

На 28 февруари 2022 година, Извршниот комитет на ЕХФ ги суспендираше руските и белоруските тимови и клубови од учество во натпревари под покровителство на организацијата на неодреден период. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан