• недела, 22 декември 2024

На Реал ќе му биде доделен шампионскиот пехар во базата на клубот зад затворени врати

На Реал ќе му биде доделен шампионскиот пехар во базата на клубот зад затворени врати

Мадрид, 7 мај 2024 (МИА) – Новиот првак во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ќе го прими шампионскиот трофеј зад затворени врати.

Клубот од Мадрид предвреме си ја обезбеди титулата освојувајќи 87 бода по 34 кола во Ла Лига. 

Претходно се дозна дека Реал Мадрид побарал доделувањето на наградата да не се одржува на стадионот на Гранада против која ќе игра на 11 мај во дуел од 35. коло.

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) одлучи да му го додели трофејот на Реал во базата на клубот в недела. Ќе го достави претседателот на организацијата, Педро Роча.

Реал се согласи на ваков чин, а потоа планира да организира свечени настани. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан