• сабота, 06 јули 2024

На меѓународната донаторска конференција во Брисел беа собрани 7,5 милијарди евра за сириските бегалци

На меѓународната донаторска конференција во Брисел беа собрани 7,5 милијарди евра за сириските бегалци

Брисел, 28 мај 2024 (МИА) - На меѓународната донаторска конференција за сириските бегалци вчера се собрани 7,5 милијарди евра, јави ДПА.

Европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ најави дека пет милијарди евра од оваа сума ќе бидат обезбедени во форма на грантови, 2,5 милијарди евра - како заеми.

-Заедницата уште еднаш докажа дека луѓето во Сирија, сириските бегалци и заедниците што ги примиле не се заборавени, напиша Ленарчиќ на „Х“.

Германскиот државен министер, Тобијас Линднер најави една милијарда евра помош за народот во Сирија и заедниците што ги засолнуваат.
Се проценува дека околу 5,7 милиони Сиријци побегнале во Турција, Либан и Јордан.

Граѓанската војна во Сирија започна во 2011 година со протести против владата на претседателот Башар ал Асад, кој на демонстрантите одговори со насилство. Ова доведе до хаос.

Според ОН, 12,9 милиони луѓе во Сирија ќе гладуваат оваа година, а на 17 милиони во моментов им е потребна хуманитарна помош. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан