• петок, 22 ноември 2024

На македонската репрезентација обложувалниците ѝ даваат минимални шанси за победа против Португалија

На македонската репрезентација обложувалниците ѝ даваат минимални шанси за победа против Португалија
Лондон, 29 март 2022 (МИА) – Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“. Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија ѝ се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент 7,10). На последните пет средби, Македонците имаат четири победи (Италија на гости 1.0, Исланд дома 3:1, Ерменија на гости 5:0, Лихтенштајн на гости 4:0) и еден пораз (Германија дома 4:0). Португалците имаат победи над Турција (дома 3:1), Луксембург (дома 5:0) и Катар (3:0 дома), нерешено со Ирска (0:0 на гости) и пораз од Србија (1:2 дома). Натпреварот на „Драгао“ во Порто ќе почне вечер во 20:45 часот. зс/

Остани поврзан