• петок, 04 октомври 2024

На германскиот Бундестаг првпат развиорено знаме со боите на виножитото

На германскиот Бундестаг првпат развиорено знаме со боите на виножитото
Берлин, 23 јули 2022 (МИА) - На Долниот дом на германскиот Парламент првпат е поставено знаме со боите на виножитото, што е симбол на ЛГБТ заедницата. Знаме е поставено на југозападната кула на Рајхстагот во Берлин, а уште две знамиња со боите на виножитото се поставени пред источниот западниот влез на зградата, со цел да се покаже толеранција кон различностите. Во Берлин денеска ќе се одржи Парада на гордоста, најголем уличен ЛГБТ собир во Европа. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан