• четврток, 18 јули 2024

На Антарктик регистрирани првите случаи на Ковид-19

На Антарктик регистрирани првите случаи на Ковид-19

Сантјаго, 22 декември 2020 (МИА) - На Антарктикот, единствениот континент што не беше погоден од пандемијата со Ковид-19, пријавени се првите 36 инфицирани лица, кои биле стационирани во чилеанската истражувачка база.

По тестирањето позитивни на новиот коронавирус биле  26 се припадници на чилеанската армија и 10 вработени во базата. Тие се префрлени изолација во чилеанскиот град Пунта Аренас и се во добра здравствена состојба.

Вирусот бил откриен и кај тројца членови на екипажот од бродот што е поддршка на базата откако се вратиле од Антарктикот. ми/

Остани поврзан