• понеделник, 23 декември 2024

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Во Лазарополе утрово е најстудено, -2 степени, а најтопло е во Гевгелија, 11 степени.

Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот нула степени се измерени во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 1 во Охрид и Претор, 2 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 3 во Тетово, Битола и Прилеп, 4 во Велес и Крушево, 5 во Струмица и Демир Капија, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово и Кавадарци и 7 степени во Виница. 

Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево. Дува слаб до умерен променлив ветер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан