• понеделник, 15 декември 2025

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Деир Ал Балах, 19 април 2025 (МИА) – Повеќе од 90 луѓе во Газа беа убиени во израелските напади во текот на изминатите 48 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.

Меѓу загинатите има најмалку 15 жртви во текот на претходната ноќ, меѓу кои и жени и деца, од кои некои се засолниле во зоната прогласена за хуманитарна, соопшти локалната болница.

Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци.

Израел ги засилува нападите низ Газа додека се обидува да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците и да се разоружа. Израел најави дека планира да заземе големи „безбедносни зони“ во Газа. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан