• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 56 загинати во нови судири во Бангладеш

Најмалку 56 загинати во нови судири во Бангладеш

Дака, 5 август 2024 (МИА) - Најмалку 56 лица загинаа денеска во нови судири во Бангладеш откако премиерката Шеик Хасина ја напушти земјата, според нови полициски и болнички извори, пренесе БТА.

Најмалку 44 од убиените се пренесени во Универзитетската болница во Дака. Сите се здобиле со прострелни рани. Уште 11 лица загинаа во главниот град, а уште едно во пристанишниот град Читагонг, соопшти полицијата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан