• понеделник, 04 ноември 2024

Најмалку 50 жртви во нападот на бандата Гран Гриф на Хаити

Најмалку 50 жртви во нападот на бандата Гран Гриф на Хаити

Порт-о-Пренс, 4 октомври 2024 (МИА) – Бројот на убиените во нападот на вооружената банда Гран Гриф во градот Понт-Сонде на Хаити се искачи на 50.

Претходно денеска беше објавено дека во нападот биле убиени околу 20 луѓе, меѓу кои и деца, но активистите и владините претставници постепено почнаа да откриваат повеќе луѓе кои биле убиени.

За нападот е обвинета бандата Гран Гриф, која дејствува во централниот регион на Понт-Сонде, Артибонит и се смета за една од најбруталните банди на Хаити.

Мотивот за овој напад се уште е нејасен. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан