• понеделник, 09 септември 2024

Најмалку 24 лица загинаа во поплави во Виетнам

Најмалку 24 лица загинаа во поплави во Виетнам

Ханој, 9 септември 2024 (МИА) – Најмалку 24 лица загинаа, а 299 се повредени во свлечишта и поплави предизвикани од тајфунот Јаги во северен Виетнам за време на викендот, соопшти утринава владата во Ханој, предупредувајќи на нови поплави.

Виетнамските власти проценуваат дека тајфунот е најсилната бура што ја погодила Азија од почетокот на годината.

Метеоролошката агенција денеска предупреди на нови поплави и одрони, истакнувајќи дека количината на врнежи во изминатото деноноќие се движела меѓу 208 и 433 милиметри во повеќе делови од регионот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан