• четврток, 27 јуни 2024

Најмалку 21 жртва на труење со алкохол во Индија

Најмалку 21 жртва на труење со алкохол во Индија
Њу Делхи, 26 јули 2022 (МИА) - Најмалку 21 лице го изгуби животот, а 30 се хоспитализирани, по труење со алкохол во западна Индија, соопштија денеска официјални лица, пренесе Бета. Инцидентот се случи во областите Ахмедабад и Ботад во индиската држава Гуџарат, каде забрането е производство, продажба и конзумирање алкохолни пијалаци. Засега не е познато каква хемикалија имало во пијалокот. Според индиски медиуми, приведени се неколку осомничени лица, кои продавале такви алкохолни пијалаци. Смртните случаи од нелегален алкохол се чести во Индија, каде тој е евтин и често помешан со хемикалии како пестициди за да биде помоќен. Криумчарењето алкохолни пијалаци стана доста профитабилен бизнис во Индија. Криумчарите не плаќаат даноци и евтино им продаваат на сиромашните огромно количество од своето производство. Во 2020 година, најмалку 120 лица го изгубија животот по труење со алкохол во индиската северна држава Пенџаб. бд/

Остани поврзан