• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 20 случаи на Ковид-19 на Света Гора, забраната за посети продолжена до 15 април

Најмалку 20 случаи на Ковид-19 на Света Гора, забраната за посети продолжена до 15 април
Атина, 31 март 2021 (МИА) – Околу 20 случаи на Ковид-19 се потврдени на Света Гора, а еден монах е хоспитализиран и приклучен на апарати, објави грчкиот весник „Македониа“, јави дописничката на МИА од Атина. Парлалелно, независно од регистрираните случаи, со одлука на заменик- управителот на Света Гора забраната на сите посети за поклоненија е продолжена до 15 април 2021 година Во исто време, ќе продолжи и тестирањето со рапид тестови на пристаништата што водат до Света Гора. На 20 март започна имунизацијата на Света Гора, а според информативниот портал „Вориа“ на располагање се 1.000 дози од вакцината, околу 600 лица изразиле желба да се вакцинираат, а вакцината веќе ја примиле 150 монаси. ср/сд/

Остани поврзан