• вторник, 08 октомври 2024

Најмалку 18 луѓе загинаа во терористички напад во Сомалија

Најмалку 18 луѓе загинаа во терористички напад во Сомалија

Могадишу, 15 септември 2024 (МИА) – Најмалку 18 луѓе загинаа, а десетмина се повредени во бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Полицијата соопшти дека припадници на исламистичката терористичка група Ал Шабаб детонирале две бомби во квартот Кахда.

Ал Шабаб контролира делови од Сомалија, но изминатите години беше истисната од главниот град. Но, последните месеци се интензивираа нападите врз владини објекти, хотели и ресторани во Могадишу повторно се зголемија во последните месеци.

На 21 август, 10 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу, а 11 лица загинаа во терористички напад врз ресторан во средината на минатиот месец. Неколку дена претходно терористи нападнаа хотел на плажа и убија 20 луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан