• вторник, 05 ноември 2024

Најмалку 15 загинати на протестите против Мисијата на ОН во ДР Конго

Најмалку 15 загинати на протестите против Мисијата на ОН во ДР Конго
Киншаса, 27 јули 2022 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа, а околу 50 се повредени во вториот ден од насилните протести против Обединетите нации во градовите Гома и Бутембо во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија властите. Учесниците на протестот ги нападнаа зградите на ОН, па меѓу загинатите има и демонстранти и персонал на ОН. Бунтовници фрлаа камења, уништувале и палеле згради на ОН во Гома. Протестите почнаа во понеделникот, кога стотици луѓе нападнаа и ограбија складиште на ОН во Гома, барајќи Мисијата да ја напушти земјата. Протестите вчера повторно се разгореа и се проширија до Бутембо, околу 200 километри северно од Гома. Протестите се иницирани од младинската фракција на владејачката партија, која ја обвинува Мисијата на ОН, позната како МОНУСКО, дека не ги заштитила цивилите од насилството на милициите. ми/

Остани поврзан