• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Исламабад, 27 март 2025 (МИА) – Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во областа Гвадар во југозападната пакистанска провинција Белуџистан, соопшти полицијата.

Според локалните власти, нападот се случил кога вооружени напаѓачи отвориле оган врз цивили во областа Калмат во Гвадар, убивајќи пет лица, додека едно рането лице им подлегнало на повредите во болница.

Полицијата, безбедносните сили и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на инцидентот, кои ги префрлиле телата и повредените во блиската болница. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан