• вторник, 05 ноември 2024

Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Виетнам

Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Виетнам

Ханој, 3 април 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен на северот на Виетнам, јавија денеска државните медиуми. Во инцидентот повредени се најмалку седум работници.

Истекување на метан во рудникот предизвика пожар и експлозија.

Четворицата рудари починаа од вдишување отровни испарувања.

Пожарот е ставен под контрола. ссм/

фото: архива

Остани поврзан