• четврток, 26 септември 2024

Најмалку четири жртви во пукање кај џамија во главниот град на Оман

Најмалку четири жртви во пукање кај џамија во главниот град на Оман

Мускат, 16 јули 2024 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа, а неколку се повредени во пукање во близина на џамија во главниот град на Оман, Мускат, соопшти локалната полиција.

- Кралската оманска полиција дојде на местото на инцидентот што се случи во близина на џамијата во областа Ал Вади Ал Кабир, соопшти полицијата и ги даде првите проценки за бројот на жртвите.

Во првиот извештај полицијата објави дека четири лица загинале, а неколку се повредени во близина на џамија во источен Мускат.

Преземени се сите безбедносни мерки и почнати се процедури за решавање на ситуацијата, а властите продолжуваат со собирање докази и спроведување на истраги за откривање на околностите на инцидентот, се вели во полициското соопштение објавено на Х. јт/

Остани поврзан