• сабота, 23 ноември 2024

Најбогатиот Индиец се откажува од платата до закрепнување на компанијата

Најбогатиот Индиец се откажува од платата до закрепнување на компанијата
Њу Делхи, 1 мај 2020 (МИА) - Најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани најави дека нема да ја зема својата месечна плата се додека неговата компанија „Ријаланс индастриз“ - конгломерат кој се занимава со преработка на нафта, производна дејност и телекомуникациски услуги - не се избори со финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на новиот коронавирус. Амбани ја објави таквата одлука откако компанијата соопшти дека, во споредба со истиот период минатата година, нејзината нето добивка во првиот квартал оваа година е намалена за повеќе од 37 отсто, на 850 милиони долари. Според списанието „Форбс“, Амбани располага со богатство од 53,4 милијарди долари, а компанијата тврди дека, од финансиската криза во 2008 година, платата му е ограничена на два милиона долари. - Тој сега ќе се откаже од платата додека компанијата и сите нејзини дејности целосно не го вратат својот потенцијал за стекнување заработувачка, се наведува во соопштението на „Ријаланс индастриз“. Според агенцијата „Блумберг“, компанијата, исто така, ќе ги намали платите за десет отсто на сите вработени, кои заработуваат над 20.000 долари годишно. гт/

Остани поврзан