Без струја село Студеничани и делови од општина Карпош
- Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа на ден денеска без електрична енергија ќе останат делови од село Студеничани и општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа на ден денеска без електрична енергија ќе останат делови од село Студеничани и општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Студеничани (Општина Студеничани), а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: „Ринхини“ и „Езерци“ во населба Влае (Општина Карпош).
Од 10:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе инаат корисниците од ул. „Пелистерска“ бр. 2, во населба Карпош 3. (Општина Карпош), а од 13:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. „Миле Поп Јорданов“ - објектите во околината на Градинката Пролет (Општина Карпош). сст/са/
фото МИА архива