• понеделник, 23 декември 2024

Шпанскиот автор Франсеск Миралјес гостува во Скопје

Шпанскиот автор Франсеск Миралјес гостува во Скопје

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - ТРИ вечер организира отворен настан со Франсеск Миралјес, еден од најчитаните странски автори кај нас, но и во светот. Неговите дела  „Икигаи“, „Намасте“ и „Ичиго-ичие“ се продадени во неколку милиони примероци низ целиот свет.

Големата книжевна средба ќе се одржува во „Лабораториум“, од 19 часот, а влезот е отворен. 

Миралјес ќе зборува за своите впечатоците и искуства од Индија, древната лулка на цивилизацијата, но и за впечатоците од Јапонија, од каде, како што наведува ТРИ, ја извлекол тајната на долговечноста.

-Читателите ќе имаат можност да се сретнат со човекот кој истражувајќи за своите книги, истражи многу за себеси и допре до тајните на источните мудрости. Неговите согледувања и директното пренесување на дел од различните источни културни практики ткаат необичен книжевен мозаик, што му помага на современиот читател олеснето да издише и одново да се исполни со енергија и животен елан. Ве покануваме да дознаете повеќе за исцелувачката моќ на мантрата ОМ, отворено да позборуваме за страдањето, да се ослободиме од своето его, од стравот и вознемиреноста – заедно да го разбудиме својот творечки потенцијал, велат од ТРИ.

Миралјес досега има објавено неколку романи и книги од областа на филозофијата на живеењето, а од нив „Намасте“, „Ичиго-ичие“, „Ваби-саби“, „Икигаи“, „Посакувам да си тука“, „Барселона блуз“ и „Љубов со мали букви“ ги читавме во превод на ТРИ. мч/са/

Фото: ТРИ

 

Остани поврзан