• понеделник, 23 декември 2024

МНТ со „Иванов“ гостува на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

МНТ со „Иванов“  гостува на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот народен театар со претставата „Иванов“ од А. П. Чехов, а во режија на Зоја Бузалковска, денеска ќе настапи на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

Следниот ден, на 9 јуни, ќе се одржи промоција на театарска и театролошка литература - „Иванов 1887/1889: две верзии“, А. Чехов, на која ќе говори: главниот уредник - Зоја Бузалковска, а потоа следи и тркалезна маса.

Во официјалната фестивалска програма, која ќе трае од 7 до 14 јуни, ќе учествуваат претстави во продукција на националните театри и претстави во придружната програма.

Улогите во претставата „Иванов“ ги играат: Благој Веселинов, Драгана  Костадиновска/Софиа Насевска-Трифуновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Исидор Јовановски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ, Синан Ракиповски и Енис Билаловиќ.

Традиционално во рамките на фестивалот ќе биде доделена и наградата за животно дело за актерката и пензионираната професорка на Факултетот за драмски уметности при УКИМ, Мими Таневска-Србиновска, која својата уметничка кариера ја помина токму во Македонскиот народен театар. ра/ев/

Фото: МНТ

Остани поврзан