• четврток, 15 јануари 2026

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени

Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан