• петок, 05 декември 2025

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа и 40 степени Целзиусови.

Фото: МИА архива

Остани поврзан