• сабота, 17 август 2024

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, вечер во 20 часот ќе биде промовиран романот на годината за 2023 година, „Единствен матичен број“ од книжевницата Лидија Димковска.

Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај нас, наградата Роман на годината.

-Критиката веќе се огласи за многузначноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме третото издание на романот, нецела година од неговото прво објавување, посочуваат од Издавачката куќа.

Наградата беше соопштена на 15 март годинава, а во мај ѝ беше свечено врачена на авторката Димковска, на пригоден настан во Драмскиот театар во Скопје.

-Ако нашето постоење во светот сè повеќе зависи од нашиот единствен матичен број, во нашиот свет на квалитетна книжевност, постоиш ако читаш, велат од ТРИ во поканата за овој настан. вг/са/

Фото: ТРИ

Остани поврзан