• недела, 22 декември 2024

Промоција на книгата „Вовед во славистиката“ од Емил Нијами

Промоција на книгата „Вовед во славистиката“ од Емил Нијами

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Промоција на книгата „Вовед во славистиката“ од Емил Ниами ќе се одржи вечерва во 19 часот  во Салон Империјал 2 на Културно Информативниот центар - Скопје.

Како што наведуваат од КИЦ-Скопје, „Вовед во славистиката“ е прва книга во земјава што се занимава главно со историјата на словенските јазици. Во неа е даден кус историски осврт на славистиката како наука, како и куса историја на Словените.

Фокусот на книгата е ставен на описот на сите словенски јазици, како на живите, така и на мртвите, и тоа е направено на еден современ начин со многу полезни детали кои се важни во современоста. Во книгата, исто така, има и дел којшто се занимава со обидите за создавање на сесловенски јазик од минатото до денешен ден. 

Ниами е доктор на филолошки науки (Скопје, 1977). Во 1999 година дипломирал на групите за руски јазик и книжевност и на американски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 2007 година го одбранил магистерскиот труд „Паронимите во македонскиот и во рускиот јазик“, а во 2010 година докторската дисертација „Антонимите во рускиот и во македонскиот јазик“. До 2007 година работел во А1 Телевизија на различни позиции. Од 2007 до 2011 година предавал македонски јазик на МДУ „М.В. Ломоносов“. Автор е на првиот „Речник на паронимите во македонскиот јазик” (2020), првиот „Речник на антонимите во македонскиот јазик” (2021) и на првиот „Речник на хомонимите во македонскиот јазик (2022), а исто така е и автор и главен редактор на првиот „Речник на медиумската писменост“. Се занимава со теми од областа на лексикографијата, лексикологијата, социолингвистиката и традуктологијата.

Промотори на книгата се проф. д-р Димитар Пандев и проф.д-р Красимира Илиевска, модератор проф д-р Мишел Павловски.

Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје - Европска престолнина на културата 2028. вг/бак/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан