• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Промоција на две брошури за заштита на потрошувачите

Промоција на две брошури за заштита на потрошувачите

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје денеска во Сити мол ќе ги промовира  брошурите „Новиот Закон за заштита на потрошувачите - што добија потрошувачите?“ и „Совет за заштита на потрошувачите на Град Скопје“.

Воедно, брошурите кои беа изработени во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2023 година ќе им бидат поделени на присутните граѓани на промоцијата. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан