• сабота, 18 мај 2024

Променливо облачно со локален слаб дожд

Променливо облачно со локален слаб дожд

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи релативно топло време, до петок претежно сончево и стабилно. За време на викендот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан