• недела, 30 јуни 2024

Продолжува комисиската расправа за кандидатите за членови на Советот за јавни обвинители

Продолжува комисиската расправа за кандидатите за членови на Советот за јавни обвинители

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдувањето на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. 

На претходното продолжение на седницата на 9 мај беше отворена расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија тогаш најавија долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии. ев/вј/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан