Презентација на активности за заштита од пожари во Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце
- Во Куманово денеска ќе бидат презентирани реализираните активности за заштита и превенција од пожари во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце и придобивките од нив овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, спроведен од Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Во Куманово денеска ќе бидат презентирани реализираните активности за заштита и превенција од пожари во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце и придобивките од нив овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, спроведен од Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
На настанот, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, ќе присуствуваат министерот Златко Перински, директорот на Центар за развој на Североисточен плански регион Младен Протиќ, командирот на ТППЕ Куманово Деан Илиевски, претседателот на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, градоначалниците на општините Липково и Ранковце, Еркан Арифи и Борче Спасовски, и в.д. градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Бобан Цветановски.са/
Фото: МИА архива