• недела, 24 ноември 2024

Предавање „Трансформации - нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“

Предавање „Трансформации - нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Предавање на тема  „Трансформации - нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ ќе одржи професорот од Јапонија Јуџи Јамада денеска и утре во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Предавањата ги организира Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство во соработка со Амбасадата на Јапонија.

-Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот „Мие“ во Јапонија. На предавањето денеска и утре тој ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана, соопшти Амбасадата.

Предавањето е на англиски јазик. За денеска местата се пополнети, а за резервација на место за утрешното предавање заинтересираните треба да се пријават на contact@sk.mofa.go.jp  хс/лв/

Фото: Амбасада на Јапонија 

Остани поврзан