• петок, 13 септември 2024

„Портрети од темната комора“ - изложба на фотографии од Зденко Петровски

„Портрети од темната комора“ - изложба на фотографии од Зденко Петровски

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) -  Во Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ на фотографот и хроничар Зденко Петровски.

- Оваа изложба на Зденко Петровски е прошетка низ едно време, раст низ еден живот или развој на едно општество. Изложбата е сведоштво на лицата од последните три децении на минатиот век каде што можат да се читаат и младоста и урбаноста, и пркосот и стравот, и создавањето и распадот, и животот и смртта која се доближува. Фотографот Зденко Петровски го испишува или го архивира движењето на ликови низ времето, на времето низ просторот, од почетокот на детството па сѐ до крајот. Тоа играње на уметникот со хронотопот низ овие триесет аналогни портрети ни дозволува да запознаеме или да се потсетиме на триесетте години на генерации кои сега со носталгија зборуваат за своето време. Поставката е потсетување на времињата во кои не живееме, пишува Андреј Медиќ Лазаревски во рецензијата за изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 30 септември. дма/бак/

Фото:Плакат

Остани поврзан