Манифестација „Движи се за здравје“
- Во рамки на Европската недела на мобилност, денеска ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“ на Детскиот културен центар – Карпош. На овој спортски настан ќе учествуваат децата од скопските градинки. Во реализацијата учествуваат и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Во рамки на Европската недела на мобилност, денеска ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“ на Детскиот културен центар – Карпош. На овој спортски настан ќе учествуваат децата од скопските градинки. Во реализацијата учествуваат и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
- Преку вежбањето и движењата, децата ја откриваат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив. Целта на оваа манифестација е да потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст, информира Детски културен центар – Карпош.
Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се реализира 11-ти пат. мд/нд/
Фото: Детски културен центар – Карпош