• вторник, 05 ноември 2024

КСЗД ќе го презентира Годишниот извештај за работата за 2023 година

КСЗД ќе го презентира Годишниот извештај за работата за 2023 година

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе го презентира Годишниот извештај за работата за 2023 година. 

Воведни обраќања на настанот што ќе се одржи одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 10 часот, ќе има Игор Јадровски, претседател на КСЗД и Олег Солдатов, раководител на програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

Презентацијата на наодите од годишниот извештај ќе ја одржат членовите на КСЗД, Флора Кадриу, Зекир Абдулов и Драгана Дрндаревска. ар/са/
Фото: КСЗД

Остани поврзан