• четврток, 21 ноември 2024

Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан

Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), денеска и утре организираат Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан.

Воведни обраќања на отворањето на конференцијата ќе имаат амбасадорката Анџела Агелер и заменик-претседателот на Владата за политки и добро владеење Арбен Фетаи.

Амбасадата на САСД соопшти дека дводневната регионална конференција има за цел да поттикне мултисекторска регионална мрежа на „лидери во борбата против корупцијата“ — професионалци од владата, судството, граѓанското општество и бизнис секторот посветени на борбата против корупцијата.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан