• понеделник, 23 декември 2024

Командата за операции ќе го одбележи Денот на единицата

Командата за операции ќе го одбележи Денот на единицата

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Припадниците на Командата за операции (КО) денеска, со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово, ќе го одбележат Денот на единицата. 

Во рамки на воената свеченост, пред присутните ќе се обратат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.

Според Министерството за одбрана, за ден на Командата за операции е одреден 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што е воедно и ден кога е кренато востанието. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан