• понеделник, 23 декември 2024

Книжевен портрет на Венко Андоновски

Книжевен портрет на Венко Андоновски

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи книжевен портрет на авторот Венко Андоновски. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Венкo Андоновски е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Дописен член на МАНУ. Неговиот романот „Папокот на светот“ е продаден во над 14 000, а „Вештица“ во над 8 000 примероци.

Автор е на над 30 книги од најразлични жанрови. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“, „Југра“ и Толстоева награда „Јасна полјана”.

Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои на англиски, француски, унгарски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.бт/ев/

Фото: плакат

Остани поврзан