• петок, 17 мај 2024

Азески ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Азески ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, во Кампусор 2 на УГД ќе се сретне со група извозни компании. 

На средбата, како што е најавено, ќе се разговара за потребата од активно вклучување на науката во градење на конкурентски предности на извозните компании. Азески ќе ги посети лабараториите на УГД и ќе се запознае со досегашните успешни примери на научно-истражувачка и стручно-апликативна соработка меѓу Универзитетот и бизнис секторот.

Азески ќе има средба и со ректорот на УГД, Дејан Мираковски и со членовите на ректорската управа на Универзитетот.

Како што е најавено, Азески и Мираковски ќе разговараат за конкретни иницијативи и предлози за идна соработка меѓу Стопанската комора на Северна Македонија и Универзитетот Гоце Делчев - Штип. На средбата ќе присуствува и проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет, кој ќе презентира конкретни можности за идна соработка меѓу двете институции. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан