• петок, 05 декември 2025

Од печат излезе романот „Ништо“ на Ханиф Курејши

Од печат излезе романот „Ништо“ на Ханиф Курејши

Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) – Од печат излезе романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. 

„Ништо“ е провокативна и духовита приказна за Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, горчина и саркастични размисли за животот, љубовта и предавството. Со остар стил и без задршка, Курејши нуди психолошка драма полна со иронија, манипулации и груба искреност, која книжевните критичари ја опишуваат како „болна шлаканица што тешко се заборава“.

Ханиф Курејши (1945) е британски романсиер, драматург и сценарист со пакистанско потекло. Во книжевноста влезе преку филмот и театарот, неговото сценарио за филмот Мојата убава перална 1985 г. се здоби со бројни меѓународни награди.

Негови најпознати дела се: Буда од предградието (1990), Црниот албум (1995), Интимност (1998), Телото (2003), Нешто да ти кажам (2008), Последниот збор (2014) и Ништо (2017). Автор е и на збирки раскази, драмски дела и есеи. Ханиф Курејши се наоѓа на листата на 50 најзначајни британски автори по Втората светска војна.ар/са/

Фото:ИЛИ-ИЛИ

Остани поврзан