• петок, 05 декември 2025

Меѓународен фестивал „Тремоло 2025“ во Скопје

Меѓународен фестивал „Тремоло 2025“ во Скопје

Скопје, 19 мај 2025 (МИА) - Во организација на ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“, годинава ќе се одржи 16. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“.

Фестивалот годинава нуди две концертни вечери, во кои ќе настапат Павле Филиповиќ (Србија) – концерт на 19 мај во Музејот на македонската борба, со почеток во 19:30 часот и Хиспана-фламенко вечер (Шпанија) – концерт на 20 мај во Националната филхармонија, со почеток во 19:30 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се реализираат и мастер часови и работилници, каде учесниците ќе имаат можност да ги усовршат своите технички и интерпретативни вештини под менторство на врвни музички професионалци.ар/са/

Фото: плакат

Остани поврзан