• четврток, 18 јули 2024

Научници: Британија може да има повеќе починати во 2021 отколку годинава

Научници: Британија може да има повеќе починати во 2021 отколку годинава
Лондон, 24 декември 2020 (МИА) - Велика Британија може да има повеќе смртни случаи во првата половина на 2021 година отколку во 2020 година, ако не ја забрза програмата за вакцинација и ако не воведе уште построги мерки против коронавирусот, се вели во анализата на Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина. Научниците направија студија, користејќи претходни податоци и математички модел, за да се предвиди текот на пандемијата по откривањето на многу заразниот вид на Ковид 19. Тие разгледаа што ќе се случи под различни рестриктивни мерки и заклучија дека ако цела Англија се стави под рестриктивно ниво четири помеѓу 26 декември и 31 јануари, бројот Р не може да падне под еден, пренесува Гардијан. Бројот Р го означува просечниот број на луѓе што можат да заразат една личност, а кога тој број е над еден, тогаш е присутен експоненцијален раст. Единственото сценарио што би го намалило влијанието врз здравствениот систем е да се воведе ниво четири од 26 декември, да се затворат училиштата до крајот на јануари и да се вакцинираат два милиона луѓе неделно. паг/    

Остани поврзан