• недела, 07 јули 2024

НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција

НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) – НАТО на самитот во Вашингтон следната недела за првпат ќе побара од земјите-членки построга стандардизација на артилериската муниција за да се олесни нејзината употреба на бојното поле.

- Украина покажа дека нашата стандардизација е добра на хартија, но не и на терен, изјави претставник на НАТО кој сакаше да остане анонимен, мислејќи на муницијата како што е артилериската муниција со калибар од 155 милиметри, која во моментов е дефицитарна во светот поради високата побарувачката предизвикана од руската инвазија врз Украина која почна во 2022 година.

Иако НАТО спроведе стандардизација на муницијата за помали оружја како што се јуришни пушки, дозволувајќи им на сојузниците да разменуваат муниција, тоа не е толку лесно за артилериската муниција.

Иако постои стандард на НАТО за артилериска муниција, неговата имплементација е доброволна, а бидејќи доволно членки не се придржуваат до него, пазарот се распарчи и снабдувањето е нарушено.

Четиринаесет земји-членки на НАТО го задржаа правото да не го следат стандардот, што значи дека има различни видови муниција со калибар од 155 милиметри.

Сепак, НАТО може да се соочи со противење од производителите на муниција бидејќи стандардизација на артилериската муниција може да ја зголеми конкуренцијата и да ги намали цените. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан