• понеделник, 23 декември 2024

Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса

Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса

Москва/Киев, 7 јули 2024 (МИА) - Украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништија сите 13 беспилотни летала што Русија ги истрела кон Украина во последниот напад, соопшти денеска украинското воздухопловство, пренесе Ројтерс.

Во соопштението за Телеграм, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија истрелала и две балистички ракети „Искандер“, но не кажа што се случило со нив.

Но, руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека ракетите „Искандер“ уништиле два лансира за ракетите земја-воздух „Патриот“ во украинската област Одеса, јавија британските медиуми.

Нападот се случил во областа на населбата Јужное, соопшти руското министерство. Покрај ракетните лансири, додаваат оттаму, во нападот со руските ракети била уништена и радарската станица „Жирафа“.сд./

фото:МИА архива

Остани поврзан