• сабота, 06 јули 2024

Наставници од Пехчево успешно имплементираа Еразмус+ проект за дигитализација во училиштата

Наставници од Пехчево успешно имплементираа Еразмус+ проект за дигитализација во училиштата

Пехчево, 7 јуни 2023 (МИА) - Наставници од пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов" успешно ги имплементираа активностите во рамки на Eразмус+ проектот „Трансформативна сила на дигитализацијата во училиштата“.

За таа цел, 10 наставници од одделенска и предметна настава од ова училиште во изминатиот период беа дел од обуките од областа на училишно образование, што се одржаа во Мадрид  Шпанија.

- Како наставнициучесници на мобилноста покрај зајакнувањето на своите дигитални вештини имавме можност одблиску да се запознаеме со образовниот систем во Шпанија, условите и начинот на реализација на наставниот процес и инклузивноста, практични искуства во доменот на дигитализацијата, просторно-техничките услови за работа на училиштата домаќини како и запознавање со шпанската култура и традиција, истакна наставникот Магдалена Поповска.

Целта на училиштето како што додаде е со ваквите проекти да го подобри квалитетот на наставата како и да се влијае на унапредување и модернизирање на образованиот процес и доближување до глобалните трендови на квалитетно образование.

- Да напоменеме и тоа дека ако дел од завршните настани на проектот на 31.05.2023 година во просториите на училиштето се одржа дисеминација на знаењата и искуствата стекнати на мобилноста (обуките) во Мадрид, Шпанија, додаде Поповска.

Проектот „Трансформативна сила на дигитализацијата во училиштата“ е поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, КА1- Краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на училишно образование. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан