• недела, 06 октомври 2024

Наставник физички нападнал ученик во Тетовско

Наставник физички нападнал ученик во Тетовско
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода Б.Ш.(44) од тетовското село Нераште, по пријава дека физички нападнал ученик. Како што информира МВР, С.Д.Ќ.(39) од село Пршовце, Тетовско пријавил дека неговиот малолетен син на 11 ноември 2022 околу 10:30 часот додека бил на училиште бил физички нападнат од пријавениот, кој бил негов наставник. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. мд/ев/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан